Електричната енергија е веќе дел од технологијата со која се полнат автомобилите, а сите сметаат дека и соларната енергија може да се користи. На почетокот на годинава германската компанија Sono Motors го прикажа моделот Sion, кој барем теоретски звучеше исклучително ветувачки. Тој требаше да биде првиот автомобил што ќе користи соларна енергија.
Во септември, компанијата се пофали со над 20.000 нарачки и изјави дека ќе започне со сериско производство во втората половина на 2023 година. Ако тоа се случи ќе биде голема револуција во авто индустријата зашто ќе биде извор на енергија што ќе се користи без плаќање.
За жал за некои, автомобилот можеби нема да стигне до сериско производство, или барем така зборуваат гласините во моментов. Компанијата отвори специјална кампања наречена $ave Sion, која ќе биде активна 50 дена и ќе има за цел да собере средства за да започне сериско производство.
Компанијата соопшти дека доколку не успее да собере доволно средства, ќе се фокусира на развој и продажба на технологијата на други производители за да ја имплементира во нивните возила. На овој начин, компанијата нема да има потреба да собере толку голема сума за да започне масовно производство на автомобил.