АВАНТУРА: Со електрична Nissan Ariya од северниот до јужниот пол

ОБЈАВЕНО НА:

Nissan Ariya со шкотскиот авантурист Крис Ремзи зад воланот ќе тргне на патување од 27.000 километри со цел да стане првото возило, истовремено и прво електрично возило што ќе вози од северниот до јужниот пол. Авантурата ќе започне во март 2023 година. Тимот ќе започне од Северниот пол и ќе продолжи во Северна, Централна и Јужна Америка, пред да премине на Антарктикот и на крајот да стигне до Јужниот пол. За време на ова долго патување температурите ќе се движат помеѓу -30⁰C и 30⁰C.

Nissan Ariya што ќе се користи ќе има промени во однос на патничката верзија и ќе вклучува поголеми тркала со гуми за сите терени, нова поставеност на суспензијата, цврст комплет за каросерија, пластична обвивка на лакови на тркалата и на покривот дополнителни LED диоди.

Од Nissan не спомнуваат никакви надградби на електричниот погон, па се претпоставува дека возилото ќе биде опремено со поголема батерија од 90 kWh и двомоторна поставка која произведува комбинирани 389 КС и 600 Нм. Електричниот систем за погон на сите тркала на Nissan e-4ORCE ќе се најде на тешките терени, иако возењето електрично возило на толку долга дистанца дефинитивно ќе бара многу застанувања за полнење.

Покрај специјално подготвениот SUV, ќе има и втора Ariya e-4ORCE со залихи и резервни делови што ќе му се придружи на тимот како возило за поддршка низ Северна, Централна и Јужна Америка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK