Од Audi го покажаа grandsphere- вториот од трите sphere концепциски автомобили, за кои од брендот споделуваат дека е развиен со идејата да биде како авион на патот.
Со футуристички дизајн на надворешноста и внатрешноста и должина од 5,35 метри, Audi grandsphere concept е опремено со систем за автономно управувње од Ниво 4, за функционирањето на кое реално не се бара да има возач на бордот на превозното средство.
При избор на овој режин, концепцискиот развој се одликува со конфигурација без волан, педали или борд екрани.
Audi grandsphere concept
Електричниот погонски систем на Audi grandsphere concept, кој е исполнет со активен проток на воздух, е со моќност од 721 коњска сила и вртежен момент од 960 Нм, додека забрзувањето од 0 до 100 км/ч се случува за помалку од четири секунди.
https://youtu.be/JoKMs7cih_k
Интегрираната батерија на бордот на Audi grandsphere concept, која покажува брзо полнење со 270 kW, е во состојба да понуди опсег од над 750 километри.