Од компанијата Аstоn Mаrtin објавија дека од почетокот на 2022 година повеќе нема да продава нови модели со механички менувач.
Компанијата е една од малкуте во кои спортските автомобили може да бидат опремени со три педали и традиционална рачка на менувачот, но понудите на пазарот стануваат сè помалку.
За решението на брендот влијаела сè помалата побарувачка за автомобили со механички менувач, а според извршниот директор, значење за кратењето на „рачките“ имаат и европските регулации, кои беа наметнати од неодамна.
Како што е познато, во последните години сè повеќе луѓе се потпираат на животната средина и голем дел од производителите се принудени да работат на електрифицирање на својата понуда.