Американците и натаму најмногу му веруваат на Ford

ОБЈАВЕНО НА:

По минатомесечниот пад од 5,5%, продажбата во САД бележи минимален пораст од 0,4% споредбено со октомври минатата година, но во апсолутна бројка во октомври е забележан пад од 79.594 возила во споредба со септември што е само продолжување на континуираниот пад кој започна во август годинава.

Како и во септември, така и во октомври, лидер според бројот на продадени возила е Ford со продадени 190.789 возила што иако е пад од 3.5% во споредба со октомври минатата година, сепак е сосема доволно и по првите 10 месеци овој бренд да е најпродаван во САД со вкупна продажба од 1.987.481 возила.

Најдобро рангиран европски производител со продадени 31.719 автомобили во октомври е Mercedes-Benz на 13. позиција, а веднаш зад овој производител се наоѓаат VW и BMW.

На втората позиција во октомври и натаму останува Chevrolet со продадени 176.017 возила, но доколку ја земеме продажбата од почетокот на годината, благодарение на растот од 1.7% во октомври, сега на втората листа со продадени 1.778.996 возила се наоѓа Toyota. Најдобрата петорка во поглед на продажбата ја сочинуваат уште и Honda и Nissan.

Во првите десет најпродавани брендови најголем процентуален пораст има RAM и тоа од 14%, доволен за осмата позиција. Од друга страна, најголем процентуален пад има Nissan од цели 13%. Генерално најголем процентуален пораст има Tesla и тоа од 861% со што производителот напредуваше 14 позиции на листата, се до 17. позиција. Genesis со пад од 79.2% е најголем губитник во месец октомври.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK