Alfa Romeo ја одложи премиерата на Tonale за неколку месеци

ОБЈАВЕНО НА:

Уште во 2019 година кога беше претставен како концептен автомобил беше јасно дека Tonale ќе биде вториот SUV модел во понудата на Alfa Romeo по моделот Stelvio. Официјалната потврда за неговoто доаѓање следеше следната година кога беше потврдено дека доаѓа во втората половина од оваа година.

Сега, на само неколку месеци пред очекуваната премиера е објавено дека премиерата се откажува и истата се презакажува за следната година. Ова наводно било на барање на првиот човек на брендот Жан Филип Импарата.

Според пишувањата на италијанските медиуми, тој самиот побарал да се одложи премиерата со цел да се подобрат перформансите на плаг-ин хибридниот погонски систем.

Оттука премиерата на Tonale чије име доаѓа од истоимениот премин на алпите кој се наоѓа на 1.883 МНВ, ќе се случи во првите 2-3 месеци од 2022 година додека во производство ќе се појави пред почеток на летото истата година.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK