Акционерите бараат промена на името на компанијата и да се продадат Alfa Romeo и Maserati

ОБЈАВЕНО НА:

Дел од акционерите на Fiat Chrysler Automobiles (FCA) испратија неочекувано барање до бордот на директори во кое се бара компанијата да го промени своето име, а исто така и да ги продаде или одвои Alfa Romeo и Maserati од оваа групација.

Во писмото кое е испратено од ADW Capital Management LLC, акционери во овој производител, се бара компанијата да се преименува во JeepRAM. Логичката причина за овој предлог, според нив е тоа што во третиот квартал годинава дури 97% од профитот на компанијата доаѓа од бизнис операциите во Северна Америка. Токму тука најдобро се рангирани овие два бренда.

Од оваа компанија-акционер во FCA испратија и предлог за оделување од FCA или целосно продавање на Maserati и Alfa Romeo, а во однос на Fiat наведоа дека е најдобро овој бренд да се спои со некој друг за поконкурентен настап на европскиот пазар.

Сепак ова тешко во пракса да се спроведе бидејќи оваа компанија-акционер не е во топ 100те најголеми акционери, а проблем е и тоа што Exor NV поседува повеќе од 50% од акциите со право на глас.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK