Летово Албанија е една од дестинациите каде многу граѓани од соседството решија да го минат годишниот одмор. Иако ги нема традиционалните метежи, сепак на патиштата во Албанија има зголем број на патници и возила, особено од Србија и Македонија. За влез во Албанија на граѓаните од Македонија не им е потребен никаков дополнителен документ (ПЦР тест или било каков друг доказ Ковид-19)
Полицијата превзема доста драстични мерки со цел да се намали бројот на сообраќајните несреќи. Порачуваат почитување на ограничувањата на брзината и правилата на патот, со цел да се избегнат парични казни. Се почести се контролите на брзината на патиштата, и често може да се видат радари кои ја мерат брзината на движење.
Во населени места има ограничување на брзината од 40 км на час. На автопат ограничувањето е 110 км на час. На останати патишта максимална дозволена брзина е 80/90 км на час.
Казната за возење со над 20 км/ч. чини од 2.000 и 6.000 леки (16 до 50 евра)
Возење под влијание на алкохол е најстрого забрането. Дозволено ниво е 0.01 %.
Употребата на мобилен телефон додека возите е строго забрането, а казните се од 1.000 до 4.000 леки.
Средно светло е задолжително само при лоша видливост и во тунели
За влез во Албанија не е потребна виза. Со Спогодба помеѓу нашата држава и Албанија се овозможува преминување на границата на државјаните на двете земји со биометриски лични карти. Доколку патувате за трета земја, при влез во Албанија користете биометриски пасош.
За патување со патничко возило во Албанија, потребен ви е зелен картон и дозвола за управување на туѓо возило во случај возилото да не е лична сопственост. Меѓународна возачка дозвола НЕ ви е потребна, но задолжително носете ја биметриската возачка дозвола.
Ако патувате во Албанија треба да знаете дека употребата на ремени за возила произведени после 1990 год. задолжителни за сите седишта.
Детски седишта се задолжителни за деца под 12 години на предно седиште и за деца под 4 години на задно седиште.
Прва помош: задолжителна.
ПП апарат: се препорачува.
Триаголник: задолжително.
Поважни телефони:
Полиција 129
Амбуланта 127
Пожарна 128
АЦА (помош на пат) 139
АЦА (инфо центар) +355 4 2387 017 (раб. вр. 24ч)
+355 66 4001 222
+355 69 4001 222
При влез во Албанија постојат одредени ограничувања на работи кои можете да ги внесите во земјата.
За патници кои имаат над 18 години дозволено е:
200 цигари или 250 грама тутун.
1 литар на жесток пијалок над 22% алкохол
2 литри вино
50 мл. парфем
Строго забрането е внесување на:
Нелегална дрога
Оружја, експлозиви и амуниција
Месни производи
Домашни миленици (без дозвола)
Порнографски материјал
Ножеви и друго ладно оружје