Abarth го претстави 695 Esseesse, тој е меѓу набрзите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

За вљубениците во ограничените изданија, Abarth подготви уште едно задоволство зад името на 695 Esseesse, а во легендарната италијанска автомобилска компанија овој пат ќе бидат понудени 695 црни и исто толку сиви модели од 695 Esseesse за чија основа, како и досега е користен бестселер моделот 500 на FIAT.

Инспириран од истоимениот модел кој во понудата на Abarth беше во 1964 година, 695 Esseesse го напојува 1.4-литарски четирицилиндричен мотор кој со асистенција на турбополначот развива 180 коњски сили и 250 Nm од најголемиот вртежен момент.

За пренос на силата на предната оска е задолжен механичкиот 5-степен менувач, а споменатиот потенцијал на моторот е доволен за Esseesse од место до „стотка“ да стигне за 6,7 секунди (со спуштен прилагодлив спојлер) и да развие 225 км/ч.

Покрај белите детали на каросеријата, најновото посебно и бројчано ограничено издание на Abarth со себе носи и бели 17-инчни алуминиумски бандажи зад кои се кријат кочници Брембо и адаптивни Кони амортизери. За десет килограми помалку во однос на верзијата 595 Competizione е задолжен алуминиумската хауба над моторот, а за „диетата“ помогнаа и одредени компоненти на издувниот систем кој е „потпишан“ од Акраповиќ.

695 Esseesse

Abarth подготви уште едно задоволство зад името на 695 Esseesse, а во легендарната италијанска автомобилска компанија овој пат ќе бидат понудени 695 црни и исто толку сиви модели од 695 Esseesse за чија основа, како и досега е користен бестселер моделот 500 на FIAT.Инспириран од истоимениот модел кој во понудата на Abarth беше во 1964 година, 695 Esseesse го напојува 1.4-литарски четирицилиндричен повеќевентилски мотор кој со асистенција на турбополначот развива 180 коњски сили и 250 Nm од најголемиот вртежен момент.

На крајот треба да се спомене дека комбинацијата на споменатиот издувен систем и специјалниот филтер за воздух што доаѓа од полиците на компанијата ВМС обезбедува соодветна звучна сцена.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK