A8L Horch Founder Edition: Запознајте го најлуксузното Audi досега направено

ОБЈАВЕНО НА:

Инженерите на Audi ја зедоа како основа долгата основа на A8 и ја проширија за дополнителни 130 мм. Моделот е базиран на фејслифтот на А8 и во пракса ни покажува како ќе изгледа стандардната верзија на лимузината, која наскоро ќе биде покажана.

По години чекање, Audi конечно ја претстави конкуренцијата на Maybash S-Class. Новиот A8L Horch Founder Edition дебитираше во Кина и го прикажува најлуксузниот модел што некогаш сме го виделе од германската марка. Моделот се очекува да се продава само во Кина, бидејчи е направен за локалните купувачи.

Типично за луксузните модели, A8L Horch има хромирана предна решетка, отвори во браниците, лајсни на вратите, ретровизори, Бандажите се исто така полирани до големина од 20 инчи и потсетуваат на оние на Maybash.

Внатрешноста исто така претрпе многу промени, од кои повеќето се за патниците во задниот дел. Тие добиваат две огромни столчиња со конзола за поделба меѓу нив. Зголемен е и просторот за нозете на патниците, а клиентите можат да избираат различни конфигурации за боите и материјалите на кабината. Повторно, логото на Horch можеме да го најдеме на различни места, како на пример на перничињата на седиштата. Различни додатоци како што се греење, дување и масажа на задните седишта се достапни стандардно за моделот.

Audi A8L Horch

Во предниот дел можеме да забележиме одредени промени, главно кај седиштата и рачките на вратите, кои го продолжуваат истиот дизајн и од задниот дел. На прв поглед, остатокот од конфигурацијата изгледа како стандардниот A8 со три дисплеи и различни безбедносни системи.

Под хаубата на верзијата претставена во Кина ќе работи 3.0-литарскиот бензинец V6 со 340 коњски сили и погон на четири тркала. Ќе има и 48 волтен систем.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK