Во Токио подготвени за саем: Nissan ќе промовира дури 15 модели

ОБЈАВЕНО НА:

Следниот месец Токио ќе биде домаќин на голем меѓународен саем, а на него ќе има голема промоција на дури 15 модели од Nissan. Се работи за 15 одлични модели со чија помош ќе бидат демонстрирани најновите изработки од компанијата во делот на персонализацијата и доработката на нејзините продукти.

Една од главните новости која што ќе биде присутна кај Nissan на саемот во Токио ќе биде уникатната Grand Touring верзија на целосното новото поколениое на првиот 100 проценти електричен автомобил во светот, LEAF.

Фановите на моторните спортови сигурно ќе дадат високи оценки за GT500 MOTUL AUTECH GT-R 2016 со оглед на тоа што тимот доминираше со него во GT500 шампионатот во 2014 и 2015 година.

На штандот на Nissan исто така ќе бидат прикажани и NV350 Caravan Grand Touring Concept, X-Trail Grand Touring Concept, Fairlady Z Heritage Edition, Elgrand Special Edition, Note e-POWER C-Gear, Serena e-POWER AUTECH Concept, Note e-POWER AUTECH Concept, X-Trail AUTECH Concept, Serena NISMO, LEAF NISMO, Note e-POWER NISMO, GT-R NISMO и X-Trail, опремен со пакетот NISMО.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK