Само пет возила со максимална безбедност и пет ѕвездички

ОБЈАВЕНО НА:

EuroNCAP crash тестовите донесоа интересни резултати според кои само 5 од 15 тестирани автомобили ги добија сите ѕвезди за сигурност. Покрај Kia Stinger за која веќе објавивме дека е меѓу најбезбедните возила BMW 6 GT, Hyundai Kona, Jaguar F-Pace, како и Toyota Yaris.

Меѓу тестираните возила се најде и Fiat Punto, a тестирањето беше без странични воздушни перничиња бидејќи тие се во сериската опрема на сите пазари во Европската унија. Овој модел не доби ниту една ѕвездичка, а тоа е моделот претставен пред 12 години.

Од постарите модели кои повторно се тестирани е и Alfa Romeo Giulietta која е на средина бидејќи доби три ѕвездички исто како и DS 3 и Ford C-Max/Grand C-Max.

Тоyota Yaris е доказ дека и постарите возила можат да добијат високи оценки за сигурност така што ова е добар параметар за она како компаниите работат на безбедноста на возилата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK