За испорака на новата Tesla треба да се чека и до пет години

ОБЈАВЕНО НА:

Моментално има повеќе од 1,9 милиони резервации за долгоочекуваниот Cybertruck кој беше најавен уште во 2019 година.

Долго се чекаше промоцијата на новата Tesla Cybertruck, но оние што сега ќе решат да го купат ќе мораат добро да се изначекаат. Долга е листата на нарачките. Масовното производсто започна, а започна и хистеријата по моделот.

Тоа ќе биде првиот нов модел на Tesla од 2019 година, кога пристигна кросоверот „Model Y“, а за новиот модел убедливо најдобра продажба се очекува во САД.

Според податоците на страницата „Tesla Reservation Tracker“, моментално има повеќе од 1,9 милиони резервации за долгоочекуваниот модел кој беше најавен уште во 2019 година. Самиот Илон Маск изјави претходно минатаа недела дека побарувачката за новиот модел е „толку необична што не му се гледа крајот“.

Со оглед на тоа дека Tesla планира да произведува околу 375.000 примероци од Cybertruck годишно, ќе бидат потребни околу пет години за да ги испорача сите резервирани автомобили.

Сепак, значителен број на сопственици на резервации можеби нема да го завршат своето купување, бидејќи резервацијата бара невообичаено мала сума пари, само 100 долари.

Без разлика како се развиваат работите, Tesla веќе има направено голем профит, бидејќи се испостави дека само од резервации собрале повеќе од 190 милиони долари.

Cybertruck се произведува во фабриката Гига Тексас, а доколку е потребно, може да биде произведуван и во фабриката Гига Мексико кога ќе почне да работи за неколку години.

Сè уште не е познато дали Cybertruck ќе се нуди надвор од американскиот пазар, иако речиси 20 отсто од резервациите пристигнале надвор од САД.

Голем проблем за автомобил долг речиси шест метри може да биде огромната маса од околу 3,4 тони, која со носивост од 1.500 килограми го прави овој пик-ап премногу тежок за да влезе во категоријата автомобили, но треба да биде регистриран како лесен камион.

„Сакам да нагласам дека Cybertruck има многу нова технологија во себе, многу. Не личи на ниту едно друго возило, бидејќи не е како ниту едно возило“, рече Маск.

Oвој електричен пик-ап модел би требало да има домет од 560 километри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK