Во Германија законите се немилосрдни кон оние што не ги почитуваат, па истото се однесува и за прекршоците во сообраќајот. Но, некогаш казните изгледаат и помалку чудни, би рекле и бизарни. За некои прекршоци веројатни вие никогаш не би напишале казна, но законот тоа го предвидел.
На 3 јули 2023 година, Херберт Борман (65) од Розенхајм научи нешто што дефинитивно НЕМА да го заборави – а тоа членот 38а од германскиот закон за патен сообраќај.
Пензионерот го паркирал својот VW ID.3 во центарот на Розенхајм. „Само сакав да земам нешто во Карштад. Беше жешко, изјавил Борман кој ги имал отворени прозорците кај возачот и кај совозачот. Го затворил прозорецот на возачот – „но го заборавив совозачкото, им објаснил Херберт на новинарите на Bild.
Во 15 часот и 23 минути, Борман добил казна од сообраќајниот надзор. Причина: „Го оставивте возилото без да го обезбедите од неовластено користење“ – или поточно: „Прозорот на од страната на патникот бил отворен“.
Борман ја објавил казната на Фејсбук и добил многу брутални реакции на тоа. Никој не знаел дека тоа е прекршок.
Но полицијата од Розенхајм објаснила зошто е казната „Според членот 38а од Правилникот за лиценцирање на патниот сообраќај (StVZO), мора да го обезбедите вашето возило од неовластена употреба – затоа не им го олеснувајте тоа на крадците. Ова вклучува: затворање на прозорците, заклучување на автомобилот носење на клучот со вас.
Ова го уредува и став 14 од Правилникот за патен сообраќај. Во него се вели: „Моторните возила исто така мора да бидат обезбедени од неовластена употреба“.
Може да биде уште полошо, бидејќи според германските колеги од Bild: „Ако автомобилот стои наоколу отворен, клучот е во возачот и тој не е далеку но, не може да го види возилото (тоа се случува понекогаш), тогаш полицијата може да го одвлече овој автомобил за да го обезбеди имотот“.
Казната за Херберт била 15 евра. Казна е казна, а законот е закон. Понекогаш малкумина знаат и што се предвидува законот, ама кога ќе се погреши тогаш се дознаваат работите.