Volkswagen најави електрична „петолетка“

ОБЈАВЕНО НА:

Се појавуваат првите детали за тоа што ќе биде објавено на 14 март. Групацијата исто така сака да го забрза развојот на софтвер

Официјално преземајќи ја функцијата минатиот септември на местото на Херберт Дис, новиот извршен директор на групацијата Volkswagen, Оливер Блум, веднаш јасно стави до знаење дека сака да усвои поинаква стратегија за да ја доведе Групацијата во ерата на електрична енергија.

Идеите на новиот извршен директор доаѓаа главно преку интервјуа или состаноци со акционерите. Но, наскоро германскиот гигант своите следни чекори ќе ги стави на хартија.

Како што објави Automotive News Europe, Volkswagen е решен да го забрза времето на следната генерација на електрични и на развојот на својот софтвер. Поточно, компанијата има за цел да претстави петгодишен инвестициски план кој ќе го вклучи секој бренд на Групацијата.

Плановите ќе бидат детално откриени за време на годишнoтo обраќање што ќе се одржи на 14 март, а меѓу најважните теми ќе биде онаа што се однесува на предводникот, Trinity. Проектот на визионерскиот предводник (или SUV) во однос на автономното возење и електричните мотори беше одложуван неколку пати, исто така, поради проблеми со софтверската платформа.

Во исто време, Volkswagen се уште не појасни дали ќе ja посвети нова фабрика во Волфсбург за негово производство или дали постоечките производни линии ќе бидат доградени.

Сепак, на масата за дискусија има многу други теми, почнувајќи од следните модели на VW. Меѓу нив, во наредните месеци ќе има лансирање на ID.7, предвидено со поврзаниот концепт прикажан на CES во Лас Вегас, додека подоцна на ред ќе дојдат електричните Golf и Tiguan, кои ќе играат фундаментална улога.

Веројатно, на 14 март подобро ќе се разбере дали Volkswagen ќе ја продолжи или не трката со водород. Во оваа насока, Томас Шафер (број еден на брендот) веќе се изрази со изјава дека тоа е „неконкурентно“ решение во споредба со електричното, барем што се однесува до автомобилите.

Конечно, групацијата работи на нови помалку ефикасни, но поевтини батерии за да се обиде да ги задржи цените.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK