VW бара место во Источна Европа за својата нова фабрика

ОБЈАВЕНО НА:

Раководството на Volkswagen Group се уште не може да одлучи каде ќе ја гради својата нова фабрика за батерии во Источна Европа, откако таква одлука мораше да се донесе до крајот на 2022 година.

Во моментов Германците се двоумат помеѓу неколку локации. Голема е веројатноста новата фабрика да биде изградена во Чешка и да профункционира во 2027 година, но можно е објектот да се пресели во Унгарија, Полска или Словачка.

„Шкода“ е една од компаниите што ќе има голема корист доколку фабриката се гради во Чешка, бидејќи на компанијата ќе и заштеди многу трошоци и време.

Според внатрешните информации, жителите на Пилсен, каде што требаше да биде централата, се спротивставиле на оваа одлука. Во моментов Volkswagen не ја потврди информацијата, а конечната одлука се очекува да биде донесена за неколку месеци до средината на 2023 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK