Скапите возила најчесто завршуваат во рацете на познатите и богатите кои се нивните најдобри амбасадори. Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо официјално стана еден од првите сопственици на Bugatti Chiron. Ѕвездата на Реал Мадрид се пофали со својат нов автомобил поставувајќи краток видео клип, на својот Инстаграм профил
Сперавтомобилот на Роналдо вреди 2,5 милиони евра. Но, тоа и не е премногу за Португалецот кој според гласините има 21 милион евра годишна плата во Реал Мадрид.
https://www.instagram.com/p/BZl9v6YFStc/
Кристијано Роналдо станува се повеќе зависен познавач на автомобили и не пропушти никакви иновации. На почетокот на месецот, напаѓачот го купи Ferrari F12tdf со 780 коњи, кои ќе бидат произведени во ограничено издание.