BMW M2 со конзервативен и коцкест дизајн, но го задржува фокусот кон возачот (📷+🎥)

ОБЈАВЕНО НА:

Дебито на новиот BMW M2 е уште еден белег во моделската офанзива во јубилејната 50-та година од основањето на BMW M GmbH, со што влегувањето во светот на нивните автомобили со високи перформанси станува уште поатрактивен.

Компактните димензии во комбинација со технологиите за погон и суспензија прилагодени од семејството на модели на BMW M3/BMW M4 се карактеристични за концептот на автомобилот, кој на новата генерација на автомобилот со 2 врати и дава возбудлива агилност и лесно ракување до граничните режими.

Овие индивидуални карактеристики се видливи и во експресивниот надворешен дизајн со атлетски купе и пропорции. Новиот BMW M2 ја продолжува традицијата на извонредни спортски модели со компактни димензии, воспоставена во 1973 година со BMW 2002 турбо.

Во исто време, ја продолжува успешната приказна на својот претходник, од кои повеќе од 60.000 примероци се продадени ширум светот. Лансирањето на новиот BMW M2 на глобалниот пазар ќе започне во април 2023 година. Ќе се произведува заедно со новото купе на BMW Серија 2 во фабриката на BMW Group во Сан Луис Потоси, Мексико.

Автомобилот пристигнува со сосема нов и прилично контроверзен дизајн, но ја задржува формулата со погон на задните тркала, бензински мотор со шест цилиндри и мануелен менувач. Се очекува првите испораки да започнат кон средината на следната година.

BMW M2 за 2023

Новиот М2 навистина пристигнува со квадратни форми, кои се особено видливи напред. Има пет отвори, од кои сите имаат функционална улога. Браниците се значително пошироки, и предните и задните, а хаубата ја има карактеристичната крива на моделот М во центарот. Нови се и праговите и дифузорот.

Добро познат 3.0-литарски мотор со шест цилиндри е без хибридна помош. Со кодно име S58, моторот генерира 459 КС при 6.250 вртежи во минута и максимален вртежен момент од 550 њутн метри помеѓу 2.650 и 5.870 вртежи во минута. Преносот на силата е на задните тркала, а стандардно автомобилот пристигнува со механички менувач, а како опција може да се додаде и автоматски ZF менувач со 8 степени на пренос.

Кај модификацијата со механички менувач, забрзувањето до 100 km/h трае 4,1 секунди, додека „автоматскиот“ може да се пофали со 0,2 секунди побрзо време. Максималната брзина за двата модели е 283 km/h.

Прилагодливата суспензија и неколку режими на работа се стандардни со автоматскиот менувач, а системот за стабилност може да се прилагоди по желба на возачот. Како и новите M3 и M4, тука има опции за овозможување на дрифт, а диференцијалот користи подобрена пумпа за масло за да го одржува подмачкано дури и при поголемо оптоварување.

Внатрешноста е базирана на новиот систем iDrive 8 на BMW со два големи заоблени екрани, познати нам од другите BMW во минатата година. Седиштата може да бидат стандардни електрични со кожа или карбонски со механичко прилагодување за намалување на тежината.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK