За патувањето на одмор да биде уште побезгрижно, а вие подостапни на вашиот мобилен телеофн и сурфање без проблеми, токму пред почетокот на летната сезона, А1 Македонија најавува воведување нова исклучително поволна понуда за корисниците во мобилната телефонија креирана да одговори на корисничките потреби за зголемено количество мобилен интернет, сурфање на социјалните мрежи и нуди уште повеќе придобивки додека се во странство.
Најпопуларните и најкористените дополнителни пакети за роаминг од денеска вклучуваат уште повеќе интернет за безгрижно уживање во летото и безброј споделени спомени преку социјалните мрежи, дури и додека корисниците се надвор од границите на нашата држава.
Отсега, А1 Roam Surf XL пакетот содржи одлични 3ГБ, со непроменета цена од 499 МКД, додека А1 Roam Surf XXL со своите 10ГБ овозможува безгрижно сурфање во роаминг за цена од 999 МКД.
Ова лето корисниците имаат можност A1 Roam Surf пакетите да ги користат уште во два роаминг партнери, Sunrise во Швајцарија и Eronet Mobile во Босна и Херцеговина.
Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk