Поради пад на рубљата: Лада значително ги зголемува цените

ОБЈАВЕНО НА:

Неделава, Avtovaz побара од своите дилери да ги зголемат цените за моделите на Lada. Моделите погодени од ова зголемување се Xray, Vesta, Granta и Largus. Реално, забележаното зголемување е многу поголемо од најавувањето на Автоваз.
Според објавата на Avtovaz зголемувањето требаше да биде меѓу 348 и 521 евро. Но,

Во моментоv, само Lada Niva и Lada Granta се продаваат за помалку од милион рубли. Овие модели се на ниво од: 776.900 (6.750 евра) и 686.900 рубли (5.967 евра).
Остатокот од понудата ја поминува границата од милион рубљи.

На пример, основната Lada Vesta сега чини 1.032.000 рубли (8.965 евра), Cross верзијата во црна верзија – 2.074.900 рубли (18.025 евра), караванот – од 1.124.900 рубли (9.772 евра), спорт – од 1.508.900 рубли (13.108 евра). Во секој случај, зголемувањето изнесуваше 170.000 рубли. Тоа е многу повеќе од очекуваното.

Цената на моделот XRAY е зголемен за минимум 174.000 рубли и сега основната варијанта е со цена од 1.009.900 рубли (8.773 евра), но врвот на понудата е значително поскапен – од 230.000 рубли на 1.152.900 рубли (10.015 евра).
Lada Largus забележа зголемување на цената за 247.000 рубли наместо 60.000 рубли, цените започнуваат од 1.076.900 рубли (9.355 евра) и достигнуваат 1.246.900 рубли (10.832 евра) и повеќе.

Автоваз не наведува причини, но очигледно е дека овој ненадеен скок се должи на падот на рубљата. Можно е цената да продолжи да се ревидира доколку не се стабилизира состојбата со девизниот курс.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK