Одредени се финалистите на изборот за “Светски автомобил на годината”

ОБЈАВЕНО НА:

Жирито на изборот за Светски автомобил на годината денеска ги објави финалистите во главните и поткатегориите за 2022 година. Победниците во главната и поткатегориите ќе бидат објавени на 13 април за време на Меѓународната изложба во Њујорк.

За главната награда – Светски автомобил на годината 2022 (WCOTY 2022), финалисти се 10 автомобили: Audi Q4 e-tron, Cupra Formentor, Ford Mustang Mach-E, Genesis G70, Honda Civic, Hyundai Ioniq 5, Hyundai Tucson, Kia EV6, Lexus NX и Toyota GR86 / Subaru BRZ.

Во овогодинешното издание на изборот, дебитираше нова категорија – Светски електричен автомобил на годината, со Audi e-tron GT, BMW iX, Ford Mustang Mach-E, Hyundai Ioniq 5 и Mercedes-Benz EQS кои стигнаа до финалето.

Конечните номинации во категоријата Светски градски автомобил на годината за 2022 година се Dacia Sandero, Opel Mokka, Renault Kiger, Toyota Yaris Cross и Volkswagen Taigun, додека во луксузните номинации ќе се најдат Audi Q5 Sportback, BMW iX, Genesis GV70, Mercedes-Benz EQS. и Volvo.C40 Recharge.

Кај спортските автомобили, наградата за 2022 година ќе ја добијат Audi e-tron GT, BMW M3 / M4, Porsche 911 GT3, Toyota GR86 / Subaru BRZ или Volkswagen Golf GTI / R, а за најдобар дизајн ќе се расправаат Audi e-tron GT , Ford Mustang Mach-E, Hyundai Ioniq 5, Kia EV6 и Mercedes-Benz EQS.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK