Hyundai објави дека целосно електричниот Ioniq 5 и Tucson SUV ќе бидат дел од претстојниот блокбастер „Spider-Man: No Way Home“ чија премиера е закажана за 17 декември, и своето деби ќе го има во Холивуд.
Покрај појавувањето во филмот, моделот Ioniq 5 се појавува и на најновиот ТВ спот за филмот заедно со Спајдермен кој го игра Том Холанд и неговиот најдобар пријател Нед Лидс портретиран од Џејкоб Баталон. Рекламата од 90 секунди наречена „Only Way Home“ ја режираше Џон Вотс, режисерот на најновата трилогија на Спајдермен.
Приказната сугерира дека Спајдермен се упатува кон Њујорк, користејќи го електричниот опсег од 300 милји на Ioniq 5. Верзијата од 30 секунди на тој клип ќе се емитува на телевизиските програми во САД, Европа, Кина, Русија и други пазари до јануари 2022 година.
Томас Шемера, извршен потпретседател и глобален главен маркетинг директор и раководител на Одделот за корисничко искуство на Hyundai Motor Company, рече: „Очекуваме големо маркетиншко влијание од оваа соработка. Овој возбудлив филм и вклучувањето на двете возила во клучните моменти од приказната што ја играат главните ликови ќе ги разбудат умовите на милиони гледачи ширум светот“.
https://youtu.be/U4j03-q8-z8
Spider-Man: No Way Home е третиот член од тековната трилогија на Sony Pictures и Marvel Studios, по Spider-Man: Homecoming (2017) и Spider-Man: Far From Home (2019), во кои учествуваа истата екипа. Следниот чекор ќе биде продолжението на анимираниот филм Spider-Man: Into The Spider-Verse (2018), награден со Оскар, кој треба да има премиера во октомври 2022 година.