Skoda ќе го покаже освежениот Karoq на 30 ноември

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda објави дека на 30 ноември ќе биде премиерата на освеженета и подобрена верзија на најпродаваната SUV во понуда на брендот - моделот Karoq

Со повеќе од половина милион произведени возила од 2017 година досега, Kаroq е моментно најпопуларниот СУВ на компанијата, и втор најпопуларен модел воопшто, по Octavia. Откако беше претставена во 2017 година, веќе имаше некои подобрувања во 2019 година, а сега е време за подетални и посериозни освежувања. со цел да остане во форма и да биде конкурентен на пазарот со конкуренцијата во C-SUV сегментот.

Моделот се наоѓа меѓу помалиот Kamiq и големиот Kodiaq. Освежената верзија на Karoq уште лани беше фатена како се тестира, а сега е најавена и дигиталната премиера, на крајот од месецот.

„Со својот типичен Skoda простор и функционалност, Karoq ги воодушевува нашите клиенти од самиот почеток“, коментира Мартин Јан, член на Одборот за продажба и маркетинг на Skoda Auto. „Ова беше нашата најпродавана понуда на SUV во текот на изминатата година и првата половина на 2021 година, покажувајќи ја нејзината важност во нашето портфолио на модели. Уверен сум дека ќе го надградиме овој успех со новата верзија на Karoq и ќе привлечеме нови клиенти за бренд.”


Иако нема детали, се очекува во понудата на мотори да се вклучат 1 литарски, 1,5 литарски и 2 литарски бензински мотори, заедно со 2 литарски TDi дизел во комбинација со 6 степен мануелен или 7 степен автоматски менувач со двојна спојка, и како опција ќе се нуди и погон на сите тркала.

Skoda Karoq е достапен во 60 земји низ светот и се произведува во Чешка, Русија и Кина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK