Пристигна новиот Range Rover: Поголем, модерен и работи на бензин, дизел и струја

ОБЈАВЕНО НА:

Land Rover Range Rover го претстави познатиот луксузен SUV од својата петта генерација. Новиот модел има познат изглед со помазни линии што го одржуваат премиум автомобилот да делува модерно. Плус, производителот на автомобили му ја вгради сета најнова технологија.

На прв поглед, промените не се толку значајни. Предниот дел доби ново светло, но сличен дизајн на старите, поширока решетка со нови отвори и браник со голем отвор и светла за магла. Гледано од страна впечатливи се елементите на предната врата, која сега е променета заедно со кваките, кои сега се вовлекуваат на внатре исто како и кај моделот Velar.

Задниoт дел е местото каде што работите се многу поразлични во споредба со претходните генерации. Првата новина таму е со светлата, кои се распоредени вертикално на двата краја, и кога не светат со една целина со црн елемент со лого на Range Rover. Багажникот ја задржува двојната конфигурација на отвор со посебен долен дел, а под него отвораме нов браник со интересен дифузeр. Две антени од типот на „ајкула“ исто така оставаат впечаток на покривот.

Димензиите на стандардната верзија се веќе 5052 мм. или повеќе од 52 мм. подолги од претходно. Подолгата верзија има за 200 мм. во должина. Меѓуоскиното растојание е зголемено за 75 мм. Тоа се должи на новата платформа MLA-Flex на која е поставен моделот чија главна предност е што може да поддржи мотори со внатрешно согорување, plug-in хбрид или верзија со целосно електричен мотор.

Во однос на моторите, Range Rover ќе биде достапен со 3 литарски бензински шестцилиндричен мотор со 395 КС за основниот модел или 4,4-литарски V8 со 523 КС. Двата мотори ги придвижуваат четирите тркала преку автоматски менувач. На љубителите на дизелот ќе им биде понуден и 3 литарски дизелски В6 мотор со 296 КС кај моделот D300, додека 345 КС кај моделот D350.

Новиот Range Rover ќе нуди и две опции за plug-in хибриден погон, кој го комбинира бензинскиот мотор со електричен мотор од 38,2 КвЧ. Електричниот режим обезбедува возење до 100 км без испуштање штетни емисии. Вкупната моќност на двете варијанти е 434 КС за основната, и 503 КС за помоќната везијаа при која забрзувањето од 0 до 100 км/ч. е за 5,6 секунди.

Целосно електрична верзија е исто така дел од плановите на Land Rover, но сепак речиси ништо не знае за тоа. Ќе се знае повеќе кога ќе биде и официјалната премиера што е закажана за 2024 година.

Новиот Range Rover се враќа на еден од додатоците понудени во 90-тите години на минатиот век со таканаречените „воздушни пружини“ и адаптивни амортизери кои работат во комбинација со 48 волтна електроника. Системот користи навигација и се прилагодува на најдобар начин пред кривина или друга промена на патот.

Во внатрешноста многу новости, од кои дел се 13,7-инчниот дигитален кокпит пред возачот и 13,1-инчен инфо систем во средината. Управувачот има и нов дизајн со „два краци“, додека физичките контроли во комбинација со копчињата на допир се резервирани за контрола на климатскиот систем. Во задниот дел има два екрана со дијагонала од околу 14 инчи. Различни материјали, завршни материјали и конфигурации можат да се направат по желба на клиентите во студиото за доработка на Land Rover.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK