Maserati Grecale одложен за на пролет – нема чипови

ОБЈАВЕНО НА:

Иако пред само еден месец беше објавено дека премиерата на новиот модел Maserati Grecale e закажана за 16 ноември, сега компанијата потврди дека истата е одложена за следната пролет.

Како главна причина за промената, Maserati ја посочува глобалната криза со снабдувањето со електронски компоненти, без кои автомобил не може да се испрати до својот нов сопственик.

“Особено, како резултат на недостаток на полупроводници, количината на производство нема да ни овозможи соодветно да ја задоволиме очекуваната побарувачка на глобално ниво”, коментира Масерати.

Maserati објави дека Grecale ќе игра клучна улога во брендот и неговата трансформација, претворајќи го секојдневното возачко искуство во нешто исклучително и извонредно.

Grecale ќе биде вториот СУВ на Maserati што се наоѓа под Levante во гамата. Ќе се базира на истата „Giorgiо“ платформа како и Alfa Romeo Stelvio и се очекува да се нуди во бензински, хибридни и целосно електрични верзии.

Се шпекулира дека моделите со погон на ICE (мотори со внатрешно согорување) ќе добијат мотори со четири и шест цилиндри опремени со блага хибридна технологија. Maserati официјално ја потврди опцијата Grecale Trofeo што ќе се продава заедно со GT и Modena.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK