Италија одвои уште 100 милиони евра за еколошки возила – сумата годинава стигна до 900 милиони

ОБЈАВЕНО НА:

Италија одвои дополнителни 100 милиони евра за субвенционирање на граѓаните кои годинава сакаат да купуваат возила што помалку ја загадуваат животната средина. Според министерот за индустрија, Џанкарло Џорџети изјавил дека оваа мерка е дел од пошироката регулатива за економски стимулации одобрена од италијанската влада.

Средствата ќе бидат распределени главно за набавка на електрични и хибридни автомобили, но исто така ќе бидат достапни за мали и средни автомобили, како и за комерцијални возила и користени автомобили кои имаат мотори Еуро 6 со ниски емисии. Новите средства доаѓаат откако над 800 милиони евра веќе ги одвои оваа година за да поттикне купување на еколошки возила.

Регистрациите на нови автомобили во Италија се намалија за речиси 33 проценти во септември, покажуваат податоците на Министерството за транспорт објавени овој месец.

Ова е трет последователен месец на опаѓање на продажбата на нови автомобили во Италија, бидејќи глобалниот недостаток на микрочипови го попречува пост-пандемиското заздравување на автомобилската индустрија и ги принудува производителите на возила да го намалат производството.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK