Бодикит за „сиромашни“: Како за 1.500 долари од E-Class да добиете Maybach S-Class

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes-Maybach S-Class е олицетворение на луксузот во палетата на германската компанија, но со цената која започнува од над 200.000 долари за моделот со V12 погон, невозможно е обичните смртници да си дозволaт таков автомобил.
Ова, сепак, не значи дека не можете да се преправате дека поседувате Maybach благодарение на новиот кинески бодикит дизајниран специјално за Mercedes-Benz E-Class L, што е верзија на меѓуоскино растојание за Кина и Индија, која се протега до 5.065 мм во должина.

Пакетот вклучува хромирани опкружувачи за воздух, малку поголема решетка со вертикални ленти, амблеми на Maybach, странични лајсни и повеќе хром на украсните издувни цевки и задниот браник.

Надградбите се компатибилни со моделите од E-Class продадени помеѓу 2016 и 2020 година. Комплетот во моментов е достапен на сајтот Алибаба со цена помеѓу 1.000 и 1.500 долари, што не е лошо ако земете во предвид дека ќе ја направи вашата Е-класа да изгледа како лимузина од 200.000 долари.

Целосно пренаменето возило било забележано од Automobili Ardent на бензинска пумпа во Фаридабад Индија. Покрај гореспоменатиот бодикит, сопственикот на оваа Е-класа одлучил да додаде двобојна боја во стилот на Maybach, нов сет тркала и пар значки V12 на предните браници.

Kрајниот резултат изгледа прилично убедлив, при што E-Class има голема сличност со Mercedes-Maybach S560 од 2019 година. Се разбира ако имате познавање околу автомобилите може да ги забележи разликите помеѓу клонот и оригиналот, кој е доста поголем и луксузен, но повеќето луѓе веројатно би паднале на тоа.

Причината зошто е толку лесно да се трансформира E-Class L во S-Class, има врска со хомогеноста на гамата на седани на Mercedes во стилот и пропорциите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK