Компанијата Сitrоеn го навести дебито на новиот модел, носител на моделниот индекс С3 за пазарите во Јужна Америка и Индија. Компанијата од Франција не одложи многу и веќе го претстави обновениот С3 во полн сјај.
Моделот кој на прв поглед наликува на другите исто така модерни кросовери практично е „модерен хечбек“ или барем така го опишуваат од францускиот бренд. Новиот С3 е со должина од речиси четири метри и растојание меѓу оските од 2,54 метри идентично со тоа кај европскиот модел.
Се користи платформата PF1 на PSA и во голема мер ги дели дизајнерските карактеристики со другите модели од францускиот бренд. Според информација на одделот од Бразил на Mоtоr1, кој се повикува на извор од концернот Stеllаntis, моделот ќе се појави кај локалните дилери во април во 2022 година.
Светлата на предниот дел се идентични со тие кај С4, а ја споделуваат истата двојна конфигурација и двојните светлини со специфична форма. Браниците и калниците се со дополнителна пластична заштита, што уште повеќе го засилува чувството за теренец. Клиренсот исто така е поголем од оној кај европската верзија и одбележува точно 180 мм.
Внатрешниот дел е со скршена визија благодарение на различните бои на комбинации и форми, а во средината се гледа десет инчен дисплеј на инфо забавниот систем со сите модерни технологии додека пред возчаот стои помал екран кој ја покажува брзината, бројот на вртежите и други важни информации.
Според првичните податоци иновациите ќе ги делат компонентите и погонските единици со c Pеugеоt 208, вклучително и 1.6-литарскиот четирицилиндричен мотор со 118 коњски сили. Менувачот ќе биде петстепен рачен или автоматски со шест степени. За поскапите верзии предлагаат турбо-трицилиндричен мотор со обем 1.0 и моќност од 120 коњски сили.
Понудата ќе вклучува и 1.2-литарски мотор со 130 коњски сили. Можна е и целосно електрична верзија. Од компанијата појаснуваат дека суспензијата е адаптирана кон условите на патот на секој од пазарите, а радиусот на вртење е само 10 метри.