Германија во проблем – втор месец по ред паѓа продажбата на автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Лоша вест за германската авто-индустрија. Втор месец по ред продажбата на нови автомобили во оваа земја бележи намалување. Податоците објавени во петокот покажуваат дека во осмиот месец годинава забележан е пад на продажбата од 23%.

Во најголемата европска економија минатиот месец биле продадени 193.307 нови автомобили, а падот на продажбата, според германските аналитичари се должи на недостатокот на чипови поради што германските производители изминатиот месец значително го намалиле производството.

„Предизвикот станува се поголем, па така во третиот квартал би имале резултати под оние во вториот квартал“ изјави првиот човек на Daimler, Ола Калениус.

Во август значителен пораст има забележано кај продажбата на електрични автомобили и тоа од 79,5% што го продолжува трендот на порастот на учеството на овие автомобили во вкупната продажба.

Инаку од почетокот на годината до крајот на минатиот месец, во Германија се продадени 1.820.589 нови автомобили што е пораст од 2,5% во споредба со истиот период минатата година.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK