Oва е најпопуларниот бренд на автомобил кај фудбалерите

ОБЈАВЕНО НА:

Светот на фудбалерите е една посебна приказна, луксуз во секој дел од нивното живеење, без нималку скромност. Огромни вили, одмори на тропски места и ултра луксузни автомобили чија цена знае да достигне и неколку милиони евра.

Сепак, дали сте се запрашале кој автомобилски бренд е најпопуларен помеѓу фудбалерите? Дефинитивно тоа е италијанскиот Ferrari. Листата на фудбалери кои поседуваат Ferrari автомобил е многу голема, а речиси и да нема фудбалер од светскиот врв кој во својата гаража не поседува таков автомобил.

Поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам поседува Ferrari 360 Spider. И фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо поседува Ferrari од моделот 599 GTO кој го купил за 275 илјади фунти. Покрај овој модел тој има уште две други ферариња и тоа F430 и 599 GTB Fiorano,

Поранешниот фудбалер на Ајакс, Милан, Интер, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Барселона, Златан Ибрахимовиќ е исто така љубител на Ferrari. Тој поседува модифицирано Ferrari Enzo кој го има купено за износ помеѓу 1 и 2 милиони фунти.

Долгогодишниот капитен на Челзи, Џон Тери е голем љубител на Ferrari. Покрај моделот Enzo, тој во 2015 купил Ferrari 275 GTB по цена од 2 милиони фунти.

На листата сопственици на Ferrari се наоѓаат и Роберт Левандовски, Марио Балотели, Александре Лаказе, Едерсон, Тео Волкот, Месут Озил, Френк Лампард,

Следете не и на:

24AUTO NETWORK