Само за најсреќните и најбогатите: Pininfarina Battista премиерно на 12 август (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанскиот производител на супер спортски автомобили Pininfarina, потврди дека на 12 август премиерно ќе ја претстави продукциската изведба на моделот Battista. Премиерата ќе се случи во Монтереј, Мексико, за време на Monterey Car Week.

Претходно производителот објави дека автомобилот ќе биде произведен во ограничена серија од само 150 примероци, а покрај среќа за да се дојде до нив ќе бидат потребни и многу пари. Цената на основната верзија стартува од 2,6 милиони американски долари што го прави еден од најскапите нови автомобили.

Автомобилот располага со четири електрични мотори со вкупна моќност од 1.900 КС и 2.300 Nm обртни моменти. Забрзувањето пак до стотка ќе изнесува нешто помалку од две секунди додека максималната брзина која може да ја постигне изнесува 350 км/ч.

Што се однесува до името истото доаѓа од основачот на Pininfarini, Battista PininFarina. Првите испораки се очекуваат да се случат кон крајот на оваа година кога се одбележува и 90 годишнината од постоењето на Carrozzeria Pininfarina.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK