Виетнамците се повеќе од сериозни – го ангажираа поранешниот шеф на Opel

ОБЈАВЕНО НА:

VinFast е производител на автомобили од Виетнам кој иако е основан пред само четири години има големи амбиции во светот на автомобилизмот. Намерите да стане еден од најголемите 10 производители и не се така далеку.

Реализацијата на амбициозниот план започна кога компанијата ја ангажираше познатата италијанска компанија за дизајн Giugiaro, отпочнувањето на инвестициите од неколку милијарди евра, а сега продолжува со ангажирање на квалитетен кадар.

Овој производител потврди дека поранешниот прв човек на Opel, Михаел Лохшелер е новиот извршен директор на VinFast со што уште еднаш испрати јасна порака за целите на компанијата. “Многу сум возбуден поради доаѓањето во VinFast. Се радувам на големите предизвици кои се пред нас” изјави Лохшелер.

Претходно, овој производител отвори неколку канцеларии во Европа и САД како дел од планот за експанзија на овие пазари.

 

[totalpoll id=”66829″]

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK