Луд финиш на Twingo Cup: Малинковски се бoреше до последни метри за победа, па заврши како четврти

ОБЈАВЕНО НА:

Во Топ-10 на трката покрај Малинковски се пласираше и Владимир Тренески кој заврши како седмопласиран. Во генерален пласман на првенството на Македонија, Малинковски води со 92 бода.

Давид Малинковски беше метри до освојување на првата победа во Twingo Cup, но на последните метри пред целта на Гробник во мешаницата од возила не успеа да се снајде и заврши како четвртопласиран. Македонскиот возач по вторпат сезонава завршува како четвртопласиран во генерален пласман, и исто толку пати победува во Првенството на Македонија.

На целта разликата меѓу победникот Михајло Младеновиќ, второпласираниот Матеј Ивануша, третио Лука Глазер и четвртопласираниот Давид Малинковски беше само 0,202 секунди покажувајќи колку неизвесен беше финишот на трката.

Во последните неколку свиоци Малинковски беше зад Младеновиќ, на последниот свиок излезе пред него, но тогаш од позадина се појави Лука Глазер кој го престигна Малинковски и го затвори, по што веќе немаше време ни простор за корекција.

Последните кругови од втората трка на Гробник каде Малинковски во последните метри се бореше за подиум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24auto.mk (@24auto.mk)

Малинковски трката ја почна од 5. место и после само три круга се искачи на третото место а на половина од трката пред да излезе безбедносното возило веќе беше втор. На тоа место остана до последниот свиок.

Владимри Тренески заврши како 8., Марко Блажевски (17), Зоран Мираковски (20), Мартин Костовски (21), Ангелче Стојковски (22). Со еден круг заостанување заврпи Слободан Трајковски кој имаше инцидент.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK