Audi и официјално го потврди она што подолго се шпекулираше, а тоа е укинување на моделот А1. Со оваа одлука, германскиот производител практично го повлекува првиот чекор кон новото редифинирање на брендот кој своите ресурси ќе ги насочи кон кросоверите и поголемите возила.
За Automotive News оваа информација ја потврди првиот човек на овој бренд, Маркус Дуезман кој прецизираше дека крајот актуелната, втора генерација на овој модел е и последна.
Дуезман изјави дека е многу тешко малите градски автомобили да ги следат таргетите определени со идниот ЕУРО 7 стандард додавајќи дека трошоците за такво нешто се многу големи. “Тоа ќе овозможи да инвестираме многу повеќе во е-мобилноста” додаде тој.
Инаку актуелната генерација беше презентирана уште во 2018 година кога влезе во производство во Марторел, Шпанија. Како модел, А1 е воведен во 2010 година. Како претставник на B класата, овој модел најголем дел од продажбата или повеќе од 95% ја генерираше на европскиот пазар.