FIAT убедливо најпродаван бренд во Италија

ОБЈАВЕНО НА:

FIAT е најпродаван авто бренд во Италија во јуни, но и во првите шест месеци годинава, покажуваат официјалните податоци објавени од страна на УНРАЕ. Во јуни на италијанската територија се продадени 149.438 нови автомобили што е зголемување за 12,62% во споредба во истиот месец минатата година кога беа продадени 132.691 нов автомобил.

Најпродаван бренд со пазарен удел од 14,85% е FIAT кој успеа да испорача 22.191 нов автомобил. Следи германски Volkswagen со 13.644 нови автомобили додека на третата позиција е Toyota со 8.881 нов автомобил.

Процентуално, над 100% зголемување на продажбата остварија DR Automobili, SMART и Tesla додека негативен пораст остварија Alfa Romeo, Ford, Honda, Land Rover, Mercedes, Porsche, Renault и Subaru.

Во поглед на полугодишната продажба, во Италија се продадени 884.750 нови автомобили што е пораст за 51,44% во споредба со првата половина минатата година. Очекувано, најголем дел од оваа бројка припаѓа на FIAT кој испорача 138.713 нови автомобили. Најблиску до овој италијански бренд е Volkswagen со продажба од 76.356 автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK