BMW и официјално ги објави продажните бројки за првата половина од годината. Така во првите шест месеци од годината забележа раст од 39,1% споредбено со истиот период минатата година. Во апсолутни бројки, на глобално ниво BMW Group успеа да испорача 1.339.080 нови возила од брендовите на BMW, Mini и Rolls-Royce.
Од оваа бројка, 153.267 возила се електрични што претставува пораст од 183,9% во однос на минатата година. Раст има забележано и кај плаг-ин хибридниата модели и тоа од 139,4%. Ова покажува и дека BMW станува сериозен играч во сегментот на хибридните и електричните возила.
Само BMW, без останатите два брендови во Групацијата, испорача 1.178.292 автомобили, а најголем пораст е остварен кај моделите Серија 3, Серија 5 и X3.
На ниво на Групација најголем пазар останува и натаму кинескиот каде е забележан раст од 41,9%. Во оваа далечна земја германскиот производител испорача 467.064 возила. Во САД се испорачани 183.619 возила, а најголем дел од остатокот се испорачани на европскиот континент.