Во фабриката лоцирана во близина на Минхен и официјално започна производството на втората генерација на BMW Serie 4 Gran Coupe која во развојниот период ја носеше ознаката G26. CLAR платформата на BMW која се користи кај моделите X3, X4, X5, Z4, serie 8, но и кај Toyota Supra.
Она што е карактеристично за овој модел е што доаѓа со 5 мм подолго меѓуоскино растојание. Во поглед на багажниот простор, доаѓа со 471 литрен капацитет кој може да порасне до максимални 1.290 литри доколку се спушти и задната клупа. Во внатрешноста доминира инструменталната 12.3 инчна табла која доаѓа во комбинација со 10.25 инчен екран централно поставен. Тука се и бројните системи за безбедност и асистенција како Active Guard Plus, Driving Assistant, Intelligent Personal Assistant…
Во однос на мотористиката централно место зазема 3,0 литарскиот шест цилиндрен мотор со 275 kW односно 374 КС и 500 Nm обртни моменти. Доаѓа во комбинација со 48 ватна милд хибридна технологија.
Најавени се три верзии и тоа: 420i, 430i и 420d. Почетната цена за првата верзија во Германија изнесува 45.800 евра, за втората 50.800 евра додека верзијата 420d ќе се продава по почетна цена од 48.300 евра.