Засилените контроли на полицијата во сообраќајот ќе продолжат засилено и во иднина, а сега патролите добија нови 50 радари кои според најавите на МВР е подобри, посупериорни и опремени со уреди за ноќно снимање.
Доколку во иднина бидете фатени на радар непостојат никакви шанси податоците д абидат избришани, со што се оневозможува било ккви манипулирање. Ако сте згрешиле, ќе си добиете казна сигурно.
Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски со најблиските соработници присуствуваше на промоцијата и презентирањето на новите ласерски радари наменети за потребите на сообраќајната полиција опремени со уред за ноќно снимање, далеку посупериорни од досегашните.
Набавката вредна 21.257.175 денари е направена согласно побарувањата, односно потребите на Единиците за сообраќај во МВР, следствено на актуелните европски полициски стандарди во овој дел од полициското работење, согласно законските норми и согласно нашите проекции за развој и унапредување на функционирањето на сообраќајната полиција.
,,Со оваа набавка нашето Министерство е единствено во регионот кое располага комплетно со уреди од последната генерација, од кои невозможно е да се избрише снимениот материјал, при што бројот на уреди за брзина и алкохол по глава на жител е на исто или дури и повисоко ниво од земјите од Европската Унија….