Иџе објасни зошто заврши во песокот на Валелунга (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Стефановски смета дека можеби „животниот век“ на возилото е веќе минат, па затоа и не може да биде доволно конкурентен на патеката. „Се што е помалку од првите три места не ме интересираат“, вели Стефановски.

Игор Стефановски на два круга пред крај на втората трка од TCR Italy заглави во песокот и остана без пласман, во моменти кога беше седмопласиран со добри шанси да освои повторно бодови. Видеото од трката не покажа која е причината за откажувањето на Стефановски од трката, но тој по трката со видео обраќање објасни зошто морал предвреме да се откаже.

Поради пукната гума тој заврши надвор од патекат, и среќа е што остана без поголеми дефекти бидејќи пукање на гума може да предизвика и посериозни инциденти.

Трката почна не така добро за Иџе и веќе во првиот круг тој од 10 падна на 14 место. Но, брзо стигна поправката, па потоа беше на 12 место а после 6 минути возење беше во Топ-10 на патеката. На таа позиција остана десетина минути, а имаше и заостанување од 3 секунди зад Леонов кој беше пред него.

Но, во 16 минута Волт Рубен имаше проблеми и влезе во боксот, а две минути подоцна и Леонов имаше проблеми и излета од патеката. Така Стефановски беше на 8 место и имаше само 1,8 секуни заостанување зад Балдини.

Но, три минути подоцна во моментите кога Матијас Вахтел влезе во боксот, Стефановски излета и заврши во песокот. Потоа безбедносното возило излезе на патеката и се задржа речи до самиот крај.

Победник на трката беше Кевин Чеков, пред Анти Бури и Славаторе Тавано.
Игор Стефановски остана на шестото место во генерален пласман на TCR Italy со 77 бода.

Следната трка се вози на 25 јули на Имола.

Игор Стефановски заглави во песокот и остана без пласман на 2. трка на Валелунга

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK