Стефановски ќе стартува од 10 место во TCR Italy на Валелунга

ОБЈАВЕНО НА:

На третиот тркачки викенд во првенството на TCR на Италија, нашиот возач Игор Стефановски ќе тргне на утрешната трка од 10 место. Тој во квалификации имаше за 1,495 секунди послабо време од Ерик Бриљадори. На првите три места се пласираа Италијани, само со три различни возила.

Покрај носителот на пол позицијата Ерик Бриљадори со Audi, на врвот се и Никола Балдан so Hyundai, и Салваторе Балдан so Cupra Leon.

Нашиот возач извозе 11 кругови во квалификациите, и на стартот ќе биде во петтиот ред заеднос со Русинот Евгени Леонов. На првиот слободен тренинг Стефановски имаше седмо најдобро време, а на вториот тренинг не се појави.

Двете трки на Валелунга се возат утре. Првата во 11 часот, а втората во 15 часот. Се возат 30 минути + 1 круг.

Најдобриот резултат Стефановски сезонава го имаше на првата трка во Монца кога беше четвртопласиран. Во генерален пласман во TCR Italy, Стефановски е на 6 место со 55 бода, речиси двојно помалку од Салваторе Тавано кој е пред него. Лидер е Ерик Бриљадори со128 бода.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK