Легализацијата на марихуаната ќе доведе до повеќе сообраќајни незгоди!

ОБЈАВЕНО НА:

Во многу земји ширум светот се водат јавни дискусии околу ефектите од легализација на марихуаната. Американскиот институт за безбедност во сообраќајот (IIHS) излезе со свои видувања во поглед на легализација на марихуаната во САД.

Голем дел од американските сојузни држави ја легализираа марихуаната под одредени околности, а според IIHS, стапките на сообраќајни незгоди значително се зголемиле во сојузните држави Калифорнија, Колорадо, Невада, Орегон и Вашингтон, сојузни држави каде беше легализирана марихуаната за рекреативни цели.

Ваквото тврдење на IIHS се најде на мета на бројни здруженија на граѓани кои со години се борат за легализација на марихуаната во САД наведувајќи дека ова истражување не се темели на вистински случаи.

Инаку марихуаната за рекреативни цели во САД е легализирана во повеќе од третина сојузни држави, а во уште толку е декриминизрана и се користи за медицински целли. Во наредниот период се очекува оваа бројка значително да порасне.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK