Tеslа Сybеrtruсk ќе може да се полни бесплатно во движење

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla донесе револуција во делот на електричните возила, а сега веројатно се подготвува нешто ново, поврзано со моделот Cybertruck.  Во каталогот на Службата за патенти и трговски брендови за сончеви панели на САД (USPTО) се појавила Tеslа, за интергрирани сончеви панели во капакот на товарниот оддел на пикапот Сybеrtruсk – 110 елементот во форма на одделни ленти.

Кога капакот на товарниот дел е затворен, сончевите панели однадвор ја полнат батеријата на пикапот. Во преклопена состојба лентите со сончеви панели очигледно ќе бидат намотани или преклопени во форма на хармоника. Елон Маск на својот профил на Твитер напиша дека сончевите панели можат да ја зголемат километражата на Сybеrtruсk до тој степен што нема да има потреба од дополнително полнење, доколку имате среќа со времето.

Раководителот на Tеslа одбележува дека ако соларните панели се инсталирани на електричен пикап, автономијата може да се зголеми за уште 50-65 километри на ден. Во тој случај, според планот на Маск, Сybеrtruсk мoжe да стане целосно автономен бидејќи просечната дневна километража во САД е 50 километри.

Дали оваа функција ќе биде интегрирана во сериска верзија на електричниот пикап, сè уште не е официјално потврдено. Доставувањата на Tеslа Сybеrtruсk требаше да почне во втората половина од оваа година, но според гласините стартот може да биде одложен за 2022 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK