Русите верни на Lada – моделот Granta најпродаван во Русија

ОБЈАВЕНО НА:

АВТОВаз односно Lada продолжува да доминира на домашниот, руски пазар. Минатиот месец на овој пазар се продадени 151.964 нови автомобили и лесни комерцијални возила што е пораст од 230% во пораст со истиот месец минатата година.

Најпродаван модел минатиот месец беше Lada Granta со продадени 12.829 примероци. На втората позиција се наоѓа уште еден модел на Lada, моделот Vesta со продадени 10.050 примероци, а далеку на третата позиција е Kia Rio со продадени 6.682 примероци. Најпродаван кросовер е Niva со продадени 6.169 примероци што е доволно за петата позиција.

На ниво на бренд, и натаму доминира Lada со продадени 38.284 примероци, а на втората и третата позиција се наоѓа јужнокорејската двојка Kia и Hyundai со продадени 18.818 односно 16.261 примерок.

Од почетокот на годината па до крајот на мај, на рускиот пазар се продадени 663.612 нови автомобили што е пораст од 38,7% во однос на истиот период минатата година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK