Не се само возачите виновни: Полицијата казни 47 пешаци

ОБЈАВЕНО НА:

Најчесто во билтените на МВР има податоци за тоа колкумина возачи направиле прекршок, но тоа не значи дека само тие се казнуваат. Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, а меѓу оние што се санкционирани има и пешаци. И тоа не мал број, вкупно 47 добила казна.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни возила во јавниот превоз.

Изречени се и 14 санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за непрописно престројување, 65 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK