Nissan привремено ќе го запре производството овој месец во три од своите фабрики лоцирани во Мексико. Причината за оваа одлука произлегува од глобалниот недостаток на чипови.
Јапонскиот производител потврди дека првата фабрика во Агваскалиентес ќе биде затворена најмалку седум денови додека втората фабрика во овој град не е познато колку време ќе биде затворена. Третата фабрика која ќе биде затворена најмалку седум дена е онаа кој е лоцирана во Морелос. При тоа не е познато во кој период од месец јуни ќе бидат затворени овие фабрики.
Во овие фабрики во мометов се произведуваат моделите Versa, Kicks, March, Sentra, NV200 и Frontier. Тоа значи дека реализацијата на нарачките ќе доцнат одреден период.
Истовремено и Stellantis објави дека поради истата причина во Мексико привремено ќе го стопира производството во сите свои фабрики.