Ford ја демонстрираше својата посветеност кон стратегијата за електрификација на понудата и објави уште поамбициозни планови, поврзани со забрзувањето на пазарното лансирање на целосно електричните автомобили и инвестициите во развој на иновациски системи за поврзаност и модули на батерии.
Главниот акцент во новиот план „Ford+“ на Ford е забрзувањето на инвестициите во електрификацијата на своите идни пазарно понуди, вклучително и развој на модули на батерии, а од компанијата ја коментираат бројката од над 30 милијарди американски долари до 2025 година.
Од Ford исто така објавија дека компанијата очекува целосно електричните автомобили да формираат 40 проценти од вкупната реализација на брендот до 2030 година. Како основни мотори за генерирањето на овој процент, од компанијата го посочуваат Mustang Mach-E, за кој од Ford коментираат, дека привлекува сосема нови клиенти (70% од клиентите на моделот досега), целосно новиот електричен пикап F-150 Lightning, за кој во моментов има 70.000 налози за набавка, леснотоварниот E-Transit, кој ќе биде лансиран на пазарот малку подоцна во текот на оваа година и целосно новите пазарни понуди.
За реализацијата на крајната цел, Ford ќе лансира две нови платформи за електромобили – за автомобили и одделно за лесни камиони, а тоа се очекува да се случи во периодот до 2030 година.
За идниот развој на својот оддел на батериите, IonBoost, Ford го лансираше Ford Ion Park, кој ќе биде глобален центар, во кој ќе учествуваат повеќе од 150 експерти во областа на батерии, тест процеси и друго, од кои ќе се очекува да имплементираат модули со зголемена километража по пониска цена.