Загина автомобилист на трка во Србија (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Голема трагедија се случи на трката од српскиот шампионат во Краљeво во автомобилизам на кружни патеки. Загина 38-годишниот возач Владимир Шекуларац од Александровац, откако излета од патеката.

Несреќата се случиlа во 9. круг од трката кога возачот со своето Yugo излетал и се превртел. По инцидентот, трката веднаш била прекината, а тешко повредениот возач итно беше пренесен во Општата болница во Краљево откако припадниците на единицата за противпожарна и спасување го извлекоа од автомобил.

И покрај напорите на лекарите да го реанимираат, тие не успеаја да го спасат животот на возачот кој претрпе тешки повреди на главата.

Момент кога се случила несреќата.

До несреќата дошоло откако четворица возачи се обидувале да минат преку мост кој бил лошо обележан. Имало меѓусебно „туркање“, а Шекуларац бил истуркан од патеката и слетал од мостот.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK