TCR Europe: Џиролами и Давидовски во Топ-10 во Франција – на втората трка почнуваат од пол позицијата

ОБЈАВЕНО НА:

Двајцата возачи на PSS Racing, Виктор Давидовски и Франко Џиролами освоија бодови во квалификациите на трката од ТЦР Европа што ќе се вози во Франција, и се пласираа во Топ-10. На првата трка Џиролами стартува од 9. а Давидовски од 10. место. Но, на втората трка што ќе се вози утре нашите возачи ќе тргнат од првите две места, бидејќи според правилата има „обратен редослед“ во однос на квалификациите.

Во првите квалификации Џиролами го освои 6. место, а Давидовски беше 9. со што се пласираа за вторите квалификации и за борба за пол позицијата.
Потоа борејќи се за пол позицијата возачите на PSS Racing се пласираа на 9. и 10. место. Тоа значи дека на првата трка ќе тргнат од 5 ред, а на втората трка тргнуваат од првиот ред.

Со пласманот во Топ-19 во квалификации возачите освојуваат и бодови за местото. Џиролами освои 2 бода, а Давидовски 1 бод. Најбрзиот добива 10 бода.

Во Топ-10 се пласираа сите возачи на тимот на „Себастијан Леб“, а пол позицијата ја освои Теди Кларе на Peugeot. Потоа следуваат четири возила на Hyundai Elantra N TCR (Бенани, Јемини, Тауфик и Лангевелд). Носителот на пол позицијата, Кларе имаше време од 2:12,615

Првата ТЦР трка денес почнува во 16:40 ч.

На вторите слободни квалификации Џиролами имаше најдобро време.

Џиролами и PSS Racing најдобри на вториот тренинг во Франција

Следете не и на:

24AUTO NETWORK