Џиролами и PSS Racing најдобри на вториот тренинг во Франција

ОБЈАВЕНО НА:

Франко Џиролами, возачот на PSS Racing во последниот круг од вториот слободен тренинг на патеката Пол Рикард постави најдобро време покажувајќи дека Honda Civic е конкурентен автомобил и ќе биде интересно во квалификациите и на трката. Ова се подготовки за втората трка од TCR Europe што ќе се вози во два дена, во сабота и недела. Солиден беше и Виктор Давидовски кој беше 13. во конкуренција на 20 возачи.

Џиролами имаше за 0,387 секунди подобро време од Нилс Лангевелд и Сами Тауфик кој имаше за 0,449 секунди послабо време. На второто и трето место беа двата возачи на тимот на „Себастијан Леб“ кои возат Hyundai Elantra N TCR.

„Среќен сум поради тимот, PSS, JAS Motorpsort и сите во семејството. Беше одличен резултат за сите нас, последниот круг беше идеален и со нетрпени его чекам утрешниот ден. Ставивме нови гуми на возилото во последниот круг за продолжение утре и сум среќен бидејќи оваа одлука беше добра. Се разбира не знаеме што направија другите возачи со гумите за утре во квалификациите. Ова беше само тренинг, и ќе видиме утре, изјави Џиролами по тренингот.

И на првите неофицијални тренинзи возачите на PSS Racing покажаа добри резултати. Во конкуренција на 20 возачи, по првиот слободен тренинг Франко Џиролами го освои 5. место, а неговиот колега Виктор Давидовски беше на 11 место.

Утре во 10 часот се квалификациите. Првата трка е утре во 16,45 ч. а втората е во недела во 12,40 часот.

Патеката Пол Рикард е долга 5842 м., а ќе се возат две трки од по 10 круга. Едната трка е во сабота, а другата во недела. Во 2020 година на оваа патека победија двајца возачи на Honda, Даниел Лојд и Мајк Халдер. Лани не се возеше тука трка

Во генералниот пласман Франко Џиролами е на 6 место со 42 бода, а на втората трка во Словачка беше на пиедесталот како третопласиран. Бодови од првата трка освои и Давидовски, пет од првата трка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK