Таварез го тестираше новото Maserati

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата на вториот кросовер на Maserati, моделот Grecale, извршниот директор на Stellantis имаше можност да го тестира овој модел.

И од овие фотографии не може да се утврди екестериерот. Камуфлажата не открива ништо, па така останува она што е познато од претходно. Овој модел ќе биде со помали димензии од Levante, а потврдено е дека се темели на Giorgio платформата.

Потврдено е и дека премиерата ќе се случи во текот на оваа година кога ќе започне и производството во фабриката на Alfa Romeo во Касино. Засега останува непозната понудата на мотори.

Се шпекулира дека централно место ќе заземе 2,0 литарскиот четирицилиндрен мотор кој продуцира 280 КС. Место ќе има и за 2,9 литарски V6 мотор. Електричната верзија ќе пристигне во текот на 2022 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK